|
Драги колеги и пријатели,
Со голема радост и задоволство го најавуваме одржувањето на III-от Конгрес по Превентивна медицина во хотелот Десарет во Охрид во периодот 04-07 октомври 2006 година.
Тоа е ретка можност за средба на колеги и пријатели од земјата, регионот и пошироко и за размена на искуства по однос на актуелните теми од животно важната област на Превентивната медицина. Но исто така, тоа е ретка можност да се почувствуваат задоволствата на доцното лето во вечниот Охрид.
Вашите усмени и постер презентации се повеќе од добредојдени.
Официјални јазици на конгресот се македонски и англиски и на истите ќе биде обезбеден симултан превод.
Со платена котизација учесниците ќе добијат Зборник на печатени резимеа од Конгресот и други материјали.
Со големо задоволство и нетрпение го очекуваме Вашето учество на конгресот и нашата средба во октомври во Охрид.
Со почит:
Проф. Драган Ѓорѓев
Претседател на Организациониот Одбор
|